Меси ја одбил првата понуда на ПСЖ, доколку замине од Париз приоритет му е МЛС

by
1 минути читање

Првиот обид на ПСЖ да ја продолжи соработката со Лео Меси
бил неуспешен. Како што пренесува ЛЕкип, по неколку он-лајн состаноци, во Париз
имало средба лице во лице.

Хорхе Меси, таткото на напаѓачот, разговарал со спортскиот
директор Луис Кампос но не успеале да си подадат рака.

Проблем била платата, предлогот на ПСЖ бил понизок од сумата
која стоела во додатната година од сегашниот договор, наводно „светците“ го
убедувале играчот дека мора да прифати намалување поради правилата за
Финансиски фер-плеј.

ПСЖ нема да се откаже и ќе продолжи да работи на изнаоѓање
компромис, а доколку тоа не се случи, Лео Меси како приоритет има преселба во
САД, односно во Интер Мајами.

Исто така не се исклучува можноста да се врати во Барселона.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани