Поранешните
директори на Барселона не се „мирисале“ многу со Лео Меси, медиумите од Шпанија
објавија дел од преписка во која учествувале претседателот Жозеп Мариа Бартомеу
и првиот човек на правната служба, Гомез Понти.
Страстите се вжештиле
по објавата на „Ел Мундо“ за рекордниот договор на Лео Меси тежок 555 милиони
евра, како и пораката на Аргентинецот до Жозеп Мариа Бартомеу за време на
пандемијата со која бара да не се пипка неговата плата и платата на неговиот
добар пријател Луис Суарез.
„Барто, искрено,
не знам како можеш да се однесуваш толку добро со овој стаорец од канализација.
Клубот му даде се, а тој се посвети на спроведување диктатура и кажува кој да
биде купен, кој да биде продаден, на кого да му биде продолжен договорот,
спонзорски договори само за него… Јас не би можел. Најлоши се тие уцени!
Неблагодарност и непристојност на тоа хормонално џуџе кон сите нас кои работиме
во клубот на кого му го должи живот. Сега кога се случуваат лоши работи
(пандемијата) ти испраќа легендарна порака, „Претседателе, скратете ги платите
на сите, но немојте да ја пипкате мојата и таа на Суарез““ – напишал Гомез
Понти.
Подоцна во
комуникацијата, Жозеп Мариа Бартомеу вели дека 15% од буџетот се полни
благодарејќи на Лео Меси па затоа често се слуша неговиот глас.
„Многу пати сме
слушале што има да каже Меси, не секогаш, но многу пати. Неговиот договор, да
не беше пандемијата, е целосно оправдан. Да не заборавиме колку приходи тој
генерира“ – напишал поранешниот претседател на Барса.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.