Егото на Калиниќ беше поголемо од тимскиот дух на Хрватска, па селекторот Далиќ му ја покажа излезната врата од репрезентацијата откако фудбалерот одби да влезе во игра во финишот од мечот против Нигерија.
„Бесмислено е да се разговара за заминувањето на Никола Калиниќ од репрезентацијата на Хрватска. Што се случи, се случи, животот продолжува понатаму. Тој е играч на Милан, но за жал ова не беше добра години за него. Наскоро ќе докаже дека вреди“, изјави Ерцег.
Калиниќ е најголемиот губитник на Светското првенство, а наскоро веројатно ќе го напушти и Милан каде минатата сезона ја грееше клупата.
За него интерес имаше од Атлетико Мадрид и Севиља, но неговото однесување во хрватската репрезентација може да влијае на продажбата.