Според грчките медиуми кои дошле до информации за големиот скандал, менаџерот на фудбалерот му пристапил со 40.000 евра награда и со барање да добие црвен картон. Ама, фудбалерот одбил тоа да го направи и го пријавил во полиција. Се сомнева дека постоела криминална група или повеќе криминални групи кои сакале да се обложат на него и така да заработат „дебели пари“ од негово исклучување.
Ескпресно истрага е отворена и сега ќе се истражува кој сѐ е вмешан, иако ова е само еден од многубројните скандали кои веќе со години го потресуваат грчкиот фудбал, од местенки, проблеми со хулиганите, па сѐ до политички-бизнис интереси и корупција во сите нивоа на грчкиот фудбал.
Инаку Бариентос е роден во Монтевидео (Уругвај) и кариерата ја почнал во Расинг, а потоа играл за Гимараеш во Португалија, Висла Краков во Полска, па се вратил во Јужна Америка во аргентински Олимпо и перуански Мелгар и повторно за Расинг. Од 2019 година е во Грција, прво во Ксанти, а една година подоцна во Волос.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.