Мексиканецот Рафа Маркез испрати порака до својот народ по повод ѕидот на Доналд Трамп (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Дефанзивецот ги потсети своите сонародници и претседателот на САД дека ѕидовите можат да се надминат, и тоа го стори на брилијантен начин, постирајќи видео на кое постигнува гол од слободен удар додека го носеше дресот на „Каталонците“.

Покрај видеото, Рафа Маркез напиша: „Нема ѕид кој може да не сопре доколку веруваме во самите себе”.

Претседателот Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба за изградба на ѕид на јужната граница со цел да се спречат илегалните имиграните да влегуваат во САД, одлука која секако не им се допаѓа на Мексиканците.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани