На дуелот помеѓу Челси и Хал, Рајан Мејсон се судри со Гери Кејхил и заработи фрактура на черепот. Веднаш беше префрлен во болница, а информациите велеа дека се бори за живот. Докторите му извршија операција и по една недела тој ја напушти болницата во Лондон.
Играчите на Хал и на неговиот поранешен клуб Тотнем на тренинг носеа маици со кои му посакуваа што поскоро опоравување на Мејсон, а тој е среќен што е жив.
„Ова беше емоционален ролеркостер за мене, среќен сум што сум жив. Сега сум дома се одморам и се опоравувам“ – изјави Мејсон.
„Сакам да им се заблагодарам на сите за големата поддршка која ми ја даваа мене и на мојата фамилија“.
Рајан Мејсон не знае кога би се вратил на теренот: „Не знам, ќе гледам како се опоравувам од ден на ден, па ќе видиме“.