Мејсон Гринвуд ќе стане татко, чека дете од девојката која го обвини за силување

by
1 минути читање

Мејсон Гринвуд на почетокот од 2022 беше приведен откако девојка му го обвини за напад и силување, но по една година од истрагата, обвинителството овој месец соопшти дека ги повлекува сите обвиненија против фудбалерот на Манчестер јунајтед.

Обвинителството се правдаше дека биле приморани на еден ваков чекор откако главните сведоци одбиле да соработуваат, а се појавиле и нови докази поради кои имало мали шанси фудбалерот да биде осуден.

Медиумите од Англија денеска објавија дека Мејсон Гринвуд ќе стане татко, неговата девојка Хариет Робсон е бремена и летоска треба да се породи. Парот со нетрпение чека да станат родители.

Во меѓувреме, Мејсон Гринвуд и понатаму нема дозвола да се врати во тимот на Манчестер јунајтед, „ѓаволите“ спроведуваат интерна истрага.

Се верува дека неколку членови на женскиот фудбалски клуб на Манчестер јунајтед се против идејата Мејсон Гринвуд да се врати во тимот и се длабоко загрижени. Исто така има загриженост и кај дел од неговите соиграчи, кои веруваат дека Англичанецот може да им ја поремети сезоната.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани