Мбапе е неизвесен за пресметката со Баерн во Лигата на шампионите

by
1 минути читање

Мбапе синоќа се повреди, се уште нема детални информации колку време ќе биде надвор од теренот.

Тренерот Галтие синоќа изјави дека не се работи за сериозна повреда и Мбапе би требало брзо да се врати на теренот.

„Л’Екип“ пишува пак дека Мбапе со сигурност ќе го пропушти првиот меч со Баерн Минхен, а неизвесен е и за реваншот.

Во текот на денешниот ден се очекуваат повеќе детали за повредата на Мбапе.

Поради повреда синоќа мечот порано го заврши и Серхио Рамос. И за неговата повреда Галтие рече дека не е сериозна.

Првиот осминафинален меч меѓу ПСЖ и Баерн Минхен се игра на 14. февруари, реваншот е на 8. март.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×