1,3K
Пред денешниот меч меѓу Лион и Манчестер јунајтед, Немања Матиќ и Андре Онана влегоа во војна со изјави која можеби и имаше влијание на голманот.
Онана го потцени Манчестер јунајтед, а на тоа Матиќ му одговори дека тој е најлошиот голман во историјата на англискиот клуб и нема право да критикува.
Зборовите на Матиќ дека Онана е најлош голман во Јунајтед, можеби влијаеа на неговата несигурна интервенција вечерва.
Тој прими кикс гол, топката која од слободен удар ја шутна Алмада му отскокна пред него и влезе во гол.