Мартинез го објави составот на Белгија, покрај Наинголан исфрли уште една ѕвезда

by
1 минути читање

Добра вест за Белгија е што на списокот е Висент Компани кој беше неизвесен поради повреда, но во составот не се најде Кристијан Бентеке.

Роберто Мартинез изјави дека за него била тешка одлуката да го извади Бентеке од составот.

За разлика од Бентеке во составот е напаѓачот на Вест Бромвич, Насер Чадли кој има само два меча одиграно од декември и настапуваше за тим кој испадна од Премиерлигата.

На списокот на напаѓачи покрај Чадли се Лукаку и Батшуаи кој успеа навреме да се опорави од повредата.

Освен изоставувањето на Наинголан и Бентеке, нема други изненадувања во составот на Белгија.

Голмани: Коен Кастилс, Тибо Куртоа, Симон Мињоле

Одбрана: Тоби Алдервирелд, Дедрик Бојата, Винсент Компани, Томас Муние, Томас Вермален, Јан Вертонген

Среден ред: Јаник Караско, Кевин де Брујн, Муса Дембеле, Леандер Дендонкер, Марун Фелаини, Еден Азар, Торган Азар, Аднан Јанузај, Дрес Мертенс, Јури Тилеманс, Аксел Витсел

Напад: Мичу Батшуаи, Насер Чадли, Ромелу Лукаку

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани