Марсеј „раскина“ со Диара кој оди во Кина за да исплати долгови во Русија

by
1 минути читање

Се верува дека кинескиот клуб Шандонг Луненг има богата понуда за Диара кој одбивал да игра за Марсеј со цел исфорсира заминување на далечниот исток.

Марсеј на својот вебсајт објави дека го раскинува договорот со Ласана Диара.

„Олимпик Марсеј сака да информира дека го раскина договорот со Ласана Диара“ – стои во соопштението на клубот.

Диара во 2014 година го напушти Локомотив Москва без нивна согласност. Рускиот клуб го доби случајот на Судот за спортска арбитража кој му наложи на фудбалерот да исплати оштета од 6,8 милиони фунти.

Во јануарскиот преоден рок имаше гласини за трансфер на Диара во Манчестер јунајтед и Валенсија, но тоа не се случи. Францускиот фудбалер ќе замине во Кина каде што му било ветено дека ќе добие пари за да го исплати долгот кон рускиот клуб.

Ласана Диара во минатото го носеше дресот на Арсенал, Челси и Реал Мадрид, но потоа неговата кариера не се развиваше во посакуван правец.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани