Генералниот
менаџер на Интер, Бепе Марота проговори на темата Иван Перишиќ, за Хрватот
имаше голем интерес од Арсенал, но, извесно е дека Премиерлигашот од Лондон
немал понуда која ќе го задоволи интересот на Нероаѕурите.
„Ние ги слушнавме
неговите идеи и планови за во иднина, но, како клуб мораме сериозно да му
пристапиме на овој случај, да ја увидиме ситуацијата со сите клубови кои се
сериозно заинтересирани за неговите услуги, а воедно и да имаме реална цена за
него, што на некој начин го претставува инвестирањето кое Интер го направи кога
го ангажираше“ рече Марота.
Се верува дека
Перишиќ има нескриена желба да го напушти Интер веднаш, но, од друга страна
пак, Интер исто така има своја желба во случајот со Хрватот, односно, да добие
30 до 40 милиони евра за евентуалниот трансфер на Хрватот.