„Марка“ тврди: Реал Мадрид тргнува по Нико Вилијамс! (ФОТО)

by riste
1 минути читање

Нико Вилијамс изминатото лето се поврзуваше со Барселона, но сега може да заврши во Реал Мадрид кој е подготвен да ја активира откупната клаузула.

На насловната страница на мадридскиот весник „Марка“ е веста дека Реал Мадрид тргнува по Нико Вилијамс.

Кралскиот клуб е подготвен да одвои 58 милиони евра колку што е откупната клаузула на фудбалерот.

Реал Мадрид сака да го има Вилијамс на време за Светското клупско првенство.

Флорентино Перез веќе ги договори Дин Хујсен и Тренет Александер Арнолд, а Нико Вилијамс треба да биде првото засилување во офанзивата.

Конкуренцијата на крилните офанзивни позиции во Реал Мадрид е голема, а со евентуално доаѓање на Нико Вилијамс таа дополнително ќе се зголеми.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани