3,K
Англија ја победи Колумбија на пенали и се пласираше во четвртфиналето. Англичаните поведоа со гол на пенал откако Хари Кејн беше фаулиран од Карлос Санчез. Тука веројатно е и замерката на Марадона кој вчера навиваше за Колумбијците.
„Видовме огромен грабеж на теренот, фатална грешка за цела држава. Џентлменот кој одлучува, судијата кој ако го проверите на „Гугл“ ќе видите дека не треба да добие волку важен меч“, вели Марадона.
„Гајгер е Американец, каква коинциденција“.
„Жал ми е за луѓето од Колумбија. Го славев голот на Колумбија исто како јас да сум го дал“.