Манџукиќ со пофалби до Пикфорд, но уверува: Ќе најдеме начин да го изненадиме

by
1 минути читање

Белгија и
Франција ја отвораат завесата од полуфиналната рунда на Светското првенство во
Русија вечерва, а утре вечер, Хрватска и Англија ќе ги одмерат силите по што ќе
се дознаат двата ривали во големото финале од Мундијалот.

Нема дилеми дека
Пикфорд е еден од најзаслужните за тоа што Гордиот Албион се најде помеѓу
најдобрите четири екипи од турнирот, тој доби пофалби дури и од Манџукиќ, но,
напаѓачот на Коцкестите верува дека ќе се најде начин тој да биде совладан.

Видовме дека
Пикфорд има одлични настапи на Светското првенство, тој има голем потенцијал,
сигурен сум дека има голема иднина пред него. Но, верувам дека некој ќе најде
начин да го изненади
“ рече Манџукиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани