81
Хрватска го има Супер Марио, неговиот гол во судиските продолженија ги крена сите Хрвати од земја и донесе историја за оваа селекција, пласман во финалето на Светското првенство.
„Неверојатно. Ние не сме ни свесни. Не, не… Не знам, ова е чудо. Не, не е чудо бидејќи ова го можат само големи тимови. Да бидете така храбри и да се вратите против една Англија, да одиграте таков турнир со срце. Еве гледате, се гори“, изјави Манџукиќ со многу емоции во себе.
„Се боревме како лавови, уживавме на теренот и така ќе биде и во финалето. Што да правам, сакам вакви натпревари“.