Манчини: Да не заборавиме дека Македонија ја совлада Германија

by
1 минути читање

Селекторот на
Италија, Роберто Манчини доста претпазливо влегува во мечот против Македонија
во мундијалскиот полуфинален бараж кој е предвиден да се одигра утре во
Палермо.

Манчини тврди
дека неговите избраници немале многу време за подготовки за дуелот со нашата
селекција, а додаде и дека не гледа фаворити, со тоа што победникот од овој
двобој ќе ги одмери силите со подобриот од мечот помеѓу Португалија и Турција.

Немавме многу
време за подготовки, фудбалерите мораа и да одморат поради долгите патувања и
многуте натпревари, имаме еден краток период во ден и пол да се обидеме да ги
подготвиме тактичките замисли
“ издвои Манчини.

Јас не гледам
фаворити, секој натпревар треба да се одигра на високо ниво, вкулувајќи ги и
оние на кои одредени тимови се гледаат како фаворити на хартија
“ додаде шефот
на стручниот штаб на „Аѕурите“.

Македонија игра
одлично во одбраната, имаат одлична техника, да не заборавиме дека ја победија
Германија во квалификациите, потребно ни е трпение, но натпреварот стартува од
0-0
“ подвлече Манчини.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×