Манчестер сити потроши над 200 милиони евра, но нема да може да ги пријави сите засилувања за ЛШ

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Манчестер сити го обележи зимскиот преоден рок, „граѓаните“ потрошија 212 милиони евра, сепак Гвардиола нема да ги има на располагање сите четири засилувања.

Витор Реис, Омар Мармуш, Нико Гонзалес и Абдукодир Хусанов се фудбалерите со кои се засили Манчестер сити во овој преоден рок, а еден од нив нема да може да му помогне на тимот во Лигата на шампионите.

Имено, УЕФА има правило според кое една екипа не смее да пријави повеќе од три нови фудбалери помеѓу лигашкиот дел и нокаут фазата, па така јасно е дека Пеп ќе мора од еден да се откаже

Во плеј-офот за осминафинале во европската елита, Манчестер сити го чека двомеч против Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани