1,3K
Maнчестер јунајтед успеа да се засили со фудбалер на Арсенал и во своите редови го доведе Ејден Хевен од Арсенал.
Клубовите не ги објавија деталите од договорот, а познато е само дека младиот фудбалер добива договор на четири ипол години и според „Би-Би-Си“ уште веднаш ќе биде дел од првиот тим.
Хевен член на Манчестер јунајтед е од 13 години и од Лондон заминува по пет години. Дебито во сениорскиот фудбал Хевен го имаше во Лига Купот против Престон.
Интересно е што дефанзивецот е втор фудбалер сезонава кој од Арсенал преминува во Манчестер јунајтед, претходно тоа го направи Чидо Оби-Мартин.