Новинарот Фабрицио Романо вели дека Манчестер јунајтед не се откажува од идејата да го ангажира Карлос Балеба од Брајтон, тренерот Рубен Аморим смета дека Камерунецот е перфектно засилување.
Во последните денови од летниот преоден рок, Манчестер јунајтед се обиде да го ангажира Карлос Балеба, но Брајтон одби да го продаде фудбалерот од средниот ред.
Изминатиов период се говореше дека „ѓаволите“ се исплашиле од цената од 100 милиони фунти, и ќе се насочат кон Адам Вортон од Кристал Палас.
Но како што денеска објави Фабрицио Романо, Карлос Балеба и понатаму е топ трансфер желба на „ѓаволите“.
Тој додава дека една ваква зделка во јануари е многу тешка и ќе треба да пристигне луда понуда, но затоа пак се може да се случи во летниот преоден рок.
„Летоска може да се случи нешто. Аморим притискаше силно за ангажман на Балеба, смета дека е перфектно засилување од Манчестер јунајтед од аспект на интензитетот што ќе го донесе во средниот ред, вештините и потенцијалот, како и искуството од настап во Премиерлигата. Балеба беше идентификуван како перфектно засилување и од тренерот и од директорите“ – вели Фабрицио Романо.