Манчестер јунајтед и Челси подготвуваат спектакуларна трампа?!

by bojan
1 минути читање
Манчестер јунајтед

Неколку извори пренесуваат дека Манчестер јунајтед и Челси водат преговори за зделка со која Алехандро Гарначо ќе се пресели на Стемфорд Бриџ, а Кристофер Нкунку ќе заврши на Олд Трафорд.

Последните денови од преодниот рок можат да донесат спектакуларна трампа помеѓу Манчестер јунајтед и Челси.

Неколку извори пренесуваат дека се водат преговори за преселба на Алехандро Гарначо на Стемфорд, односно Кристофер Нкунку на Олд Трафорд.

Агентите на Алехандро Гарначи во понеделникот беа гости на Челси на натпреварот против Вулверхемптон, и „сините“ имаат отворен пат до потписот на Аргентинецот откако Наполи реши да се повлече од трката бидејќи не сака да плати 65 милиони фунти.

Манчестер јунајтед верува дека Кристофер Нкунку може да биде добро решение за нивните проблеми пред противничкиот гол, па опипуваат терен за ангажман на Французинот, кој исто така има цена од околу 60-70 милиони евра.

Новинарот Фабрицио Романо појаснува дека Манчестер јунајтед и Челси разговарале на оваа тема уште на крајот од декември и можноста да се направат засебни зделки за Алехандро Гарначо и Кристофер Нкунку, но ова и понатаму е во фаза на идеја, нема ништо конкретно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани