Манчестер Сити го мерка 19-годишното момче кое доби предност пред Медисон во тимот на Англија

by bojan
1 минути читање
Адам Вортон

„Граѓаните“ го вметнале името на Адам Вортон во својот бележник, 19-годишното момче е дел од долгорочните трансфер планови на Манчестер Сити.

Герет Саутгејт вчера го објави финалниот список за Европското првенство и разочара неколку фудбалски ѕвезди како Џејмс Медисон и Џек Грилиш.

Но селекторот на Англија го израдува 19 годишниот Адам Вортон, кој пред шест месеци играше во втора лига, и оваа недела против БиХ дебитираше во дресот на „Трите Лава“.

Младиот фудбалер од средниот ред важи за голем талент, па не требаше многу да се поврзе и со трансфер во Манчестер Сити.

„Граѓаните“ го имаат Адам Вортон во својот бележник како дел од долгорочните трансфер цели.

Се говори дека летово најверојатно нема да достават конкретна понуда, но го имаат на ум кога ќе прават реконструкција на средниот ред во следните години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани