Манчестер Сити со адвокат кој ќе го плаќа 400.000 фунти неделно ќе се брани од исфрлање од Премиерлигата!

by
1 минути читање

Премиерлигата го обвини Манчестер Сити дека околу 100 пати ги прекршиле правилата за финансискиот фер-плеј од 2009 до 2018. Истрагата се водела цели четири години.

На богатиот клуб му се заканува и исфрлување од Премиерлигата, тоа е најлошото сценарио кое може да го снајде. Во најдобар случај може да помине само со одземање бодови.

Манчестер Сити за адвокат го ангажираше Лордот Паник кој беше дел од тимот на поранешниот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон во аферата „Партигејт“.

Лордот Паник наплаќа по 5.000 фунти од час, но велат дека на Сити му бара по 80.000 фунти дневно, па ако работи во полно работно време, Сити ќе треба да му плаќа по 400.000 фунти неделно.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани