97
Манчестер Сити го победи Хадерсфилд со 6-1 а можеше уште многу поубедливо да слави бидејќи промаши неколку големи шанси.
Од 25 до 35 минута Манчестер Сити даде три гола, Агуеро погоди два пати, еднаш Габриел Жесус и веќе беше решено прашањето за победникот ако воопшто и го имаше на овој натпревар.
Пред крајот на првиот дел, Санковиќ го намали резултатот на 3-1.
По три минути игра Давид Силва со прекрасен гол од слободен удар зголеми на 4-1, а до крајот на мечот Агуеро погоди уште еднаш за негов хет-трик, конечните 6-1 беа поставени со автогол на Конголо.
Во истиот термин се играше дуелот меѓу Барнли и Ватфорд каде гостите славеа со 3-1.