60
Евертон и Манчестер Сити играа натпревар порано од другите поради настапот на Пеп Гвардиола во финалето од Лига купот на Англија, граѓаните си ја завршија работата и ги освоија планираните три бода.
И двата гола дојдоа во последните моменти од судиските продолженија во првото и во второто полувреме.
Течеше втората минута од продолжението во првиот дел кога Лапорт со глава реализираше за водство на Сити од 1-0.
Дури во 98. минута Габриел Жесус постигна гол и го постави конечните 2-0.
Со овој триумф Манчестер Сити бодовно се израмни со Ливерпул, но сега е прв поради подобрата гол разлика. Но тимот на Пеп има и натпревар повеќе.