Манчестер Сити 11ти пат по ред го победи Арсенал и се качи на врвот на Премиерлигата! (ВИДЕО)

by
3 минути читање

Неверојатна статистика, Манчестер Сити 11 натпревари по ред во Премиерлигата го победува Арсенал.

Овојпат во вистинско дерби по кое се заменија на табелата, имаат ист број на бодови, но Сити има подобра гол разлика. Арсенал има меч помалку.

Резултатот беше отворен во 24. минута кога Томијасу направи огромен кикс кој го искористи Де Брујне и го лобуваше Рамсдејл за водство од 1-0 на Манчестер Сити.

Во финишот од првото полувреме беше досуден пенал за Арсенал кој го реализираше Сака за израмнување на 1-1.

Сити го врати водството во 72. минута кога по една убава акција Грилиш погоди за водство од 2-1.

Десет минути подоцна Халанд по асистенција од Де Брујне ги постави конечните 3-1.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани