Манчестер јунајтед со помош на Погба го купува Гризман

by
1 минути читање

Англискиот весник пишува дека Погба речиси секој ден му пишувал на Гризман правејќи му притисок да дојде во Манчестер јунајтед.

Жозе Мурињо го идентификувал Гризман како идеално засилување и играч неопходен за освојување на Премиерлигата.

Погба и Гризман се одлични пријатели. Во едно интервју играчот на Атлетико Мадрид изјави дека во дел од кариерата би сакал заедно да игра со Погба.

Иако немаше добар старт на кариерата во Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо има намера повторно да го направи клубот конкурентен за сите трофеи.

Се погласно се шпекулира дека Гризман ќе биде нов играч на Манчестер јунајтед и тоа најверојатно ќе се случи во летниот преоден рок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани