Извршниот
потпретседател на Манчестер јунајтед, Ед Вудворд ја прифатил сугестијата дека
посебни инвестиции му се потребни на тој клуб во засилување на составот за
истиот да се врати на врвот од елитниот европски фудбал.
Премиерлигашот ја
загуби првата пресметка со ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампионите, и тоа
на домашен терен со 0-2, и покрај тоа што францускиот првак играше без Нејмар и
Кавани.
Оле Гунар
Солскјер има одличен старт на кормилото на тимот од Олд Трафорд, но, очигледно
дека двобојот против ПСЖ беше преголем залак за екипата која има големи
недостатоци во европскиот елитен фудбал.
Останува отворено
прашањето за тоа дали Солскјер ќе добие договор на подолг рок, откако остана ФА
купот, како и место во топ четири сезонава во Премиерлигата, како останати
приоритети, а веќе се мисли и на преодниот рок на лето.
Поранешниот
тренер на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо постојано сугестираше дека се
потребни засилувања, а Вудворд веќе го реализираше тоа.
На Премиерлигашот
од Олд Трафорд потребен му е централен дефанзивец, пишува Мирор, а истиот
медиум додава дека клубот ќе инвестира и во нови бекови, како и десно крило.
Број еден цел на
Манчестер јунајтед е дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, а Сенегалецот се
проценува дека има вредност од 90 милиони фунти, останатите се Лукас Ернандез
од Атлетико Мадрид за левата бековска позиција, додека опција од спротивната
страна е Никола Миленковиќ од Фиорентина. Во однос на офанзивната линија,
опција е Даглас Коста од Јувентус, кој на лето би можел да си замине од Торино.