Доаѓањето на Алексис Санчез ја зголеми конкуренцијата во офанзивниот ред на Манчестер јунајтед, но тоа не го брка Мата од Олд Трафорд, напротив двете страни ја продолжија соработката за уште една сезона.
„Мата е многу важен. Кога дојдов пред година и пол, луѓето велеа дека Мата е во невоља, а сега добива продолжување на договорот. Тој е важен фудбалер за мене, важен е за клубот, важен е за останатите играчи“, изјави Мурињо.
И Хуан Мата е среќен што и следната сезона ќе го носи дресот на Манчестер јунајтед.
„Се уште се чувствувам многу среќено и многу гордо што сум дел од овој клуб. Мислам дека сите што припаѓаат на Манчестер јунајтед треба да се чувствуваат привилигирано, така се чувствувам јас“, вели Мата.
„Среќен сум со сите во клубот, со тренерот, соиграчите. Кога ќе станете дел од овој клуб, вашата кариера веќе не е иста, се менува, бидејќи ова е еден од најголемите клубови во фудбалската историја. Секој ден се обидувам да си речам себеси колку сум среќен и привилигиран“.