Манчестер јунајтед е освојувач на Лига Купот на Англија! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Навивачите на Манчестер јунајтед конечно се радуваат на освоен трофеј, прв по ерата на Жозе Мурињо.

Денеска во финалето го совладаа Њукасл со 2-0, со два погодоци постигнати во првото полувреме.

Во 33. минута по асистенција од Лук Шо, Касемиро погоди со глава за водство на Јунајтед од 1-0.

Шест минути подоцна при еден шут на Рашфорд, топката удри во Ботман кој го смени правецот и таа заврши зад грбот на Кариус за конечни 2-0.

Њукасл до крајот се обидуваше да се врати во мечот но не успеа, Јунајтед ја задржа предноста и на крајот се радуваше на трофејот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×