Мамиќ вели дека таквата одлука ја донел брзо по смртта на Ќиро Блажевиќ.
„Денеска се збогувам од Динамо и од хрватскиот фудбал, а да не беше смртта на Чиро Блажевиќ ќе одржев и специјална конференција за новинарите. Емотивно никогаш нема да се откажам од Динамо, кој е мојот живот, но што се однесува до мојата работа и учеството во било какво раководство, тоа е апсолутно минато. Може да се каже дека секаков мој ангажман во Динамо е завршен. И не се збогувам само со Динамо, туку и со фудбал општо. Ќе бидам само навивач. Моето пензионирање од фудбалот е конечно. Без разлика што мојата ситуација е специфична и што сум во БиХ последние пет години, пак можев многу да му помогнам на Динамо и на хрватскиот фудбал. Но, некои луѓе кои ги создадов мислат дека се многу подобри од мене, дека не им требам, па зошто да се туркам таму. Никому не му забележувам ништо, а не се чувствувам предаден. Меѓутоа, не сакам да учествувам повеќе во никакви активности во Динамо и во хрватскиот фудбал“, изјави Мамиќ.
Здравко Мамиќ и неговиот брат, Зоран од 2018 година живеат во Босна и Херцеговина каде пребегаа откако беа осудени поради финансиски малверзации поврзани со Динамо Загреб.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.