Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина и по третото коло од квалификациите за Светското првенство 2026 останува со максимален ефект, но натпреварот против Сан Марино во Зеница далеку од тоа дека ќе остане запаметен по добра игра.
На стадионот „Билино Поље“, избраниците на Сергеј Барбарез се мачеа против најслабата селекција на светот и со минимални 1-0 стигнаа до нови три бода. Големите очекувања за убедлива победа брзо исчезнаа, а работите отидоа толку далеку што Барбарез беше приморан да го испрати на теренот ветеранот Един Џеко во игра во 62. минута, со надеж дека неговото искуство ќе спречи фудбалска сензација.
И навистина, само пет минути подоцна, 39-годишниот голгетер ја реализираше единствената вистинска шанса за домаќините и донесе победа што повеќе ќе се памети како олеснување, отколку како демонстрација на сила.
Сан Марино, кој традиционално важи за „вежбалиште“ за фаворитите, повторно не успеа да се одбрани до крај, иако пружи храбар отпор. Тимот е последен на ФИФА листата (210. место), а дури и таков, го доведе Босна во ситуација да стравува.
По трите кола, БиХ е на врвот во групата Х со девет бодa, по претходните победи над Кипар и Романија.