Паоло Малдини и Леонардо изминатиов викенд се сретнале со Пеп Гвардиола и опипале терен за можноста стратегот да седне на кормилото на Италија, но во моментов ова е малку веројатно.
„Аѕурите“ ги пропуштија последните три Светски првенства, па се најавуваат големи промени во Калчото.
Новиот технички директор на репрезентацијата, Паоло Малдини заедно со својата десна рака Леонардо, изминатиов викенд имале средба со Пеп Гвардиола и опипале терен за можноста Шпанецот да седне на кормилото на Италија и од корен да бидат променети многу работи.
Но како што пренесува Газета дело Спорт, Шпанецот останал на својот став дека по завршувањето на мандатот во Манчестер Сити сака да направи пауза од фудбалот и повеќе време да помине со семејството.
Иако не се исклучува можноста да се предомисли, ГДС оценува дека во овој момент малку е веројатно дека Пеп Гвардиола ќе стане нов селектор на Италија.