80
По двата убедливи порази на стартот од квалификациите, македонските фудбалерки го совладаа аутсајдерот Летонија.
Рочи рано во 9. минута го отвори резултатот. На 2:0 зголеми Андонова во 28. минута. Само две минути подоцна противникот успеа да го намали резултатот и за момент да ја врати неизвесноста во мечот. Стрелец на погодокот беше Баличева.
Во продолжението од средбата, избраничките на Кирил Изов постигнаа уште два погодоци. Максути погоди во 51. минута за убедливи 3:1. Конечните 4:1 ги постави нашиот капитен и најдобар играч, Андонова. Воедно тоа беше и вториот гол на денешната средба за фудбалерката на Леванте.