Јоана Станкова во четвртата минута ни даде гол на асистенција на Александра Станкова и тој момент на крај излезе клучен за победата на Бугарките против македонските фудбалерки, кои имаа свои две големи шанси да се изборат барем за реми, ама Илса Максути и Гентијана Рочи во завршницата од првиот дел промашија две извонредни шанси, за нас единствени вистински во 90-те минути од мечот.
Македонија со овој пораз уште повеќе си ги намали шансите за евентуално прво место во групата кое води во посилната Б-дивизија, ама со играта во најголем дел од мечот само покажа и потврди дека не сме за ранг погоре против селекции со многу посериозен квалитет од оваа најслаба дивизија во која се наоѓаме.
Следен меч на Македонија е дуелот со Косово на крајот на идниот месец, на 27 октомври во Скопје, а потоа во ноември и декември ќе следат двете гостувања во оваа група.
Инаку ова е втор пораз на Македонија годинава од Бугарија, откако во февруари во Анталија загубивме со 1-2 во пријателски меч.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.