Во пресрет на ждрепката, познати се потенцијалните противници на македонските екипи, а во нив нема ниту едно атрактивно име.
Шампионот на Македонија, Струга за противник во квалификациите од Лигата на шампионите ќе добие некој од Ференцварош (Унгарија), Лудогорец (Бугарија), Жалгирис (Литванија), Шамрок Роверс (Ирска) и Њу Сеинтс (Велс).
Останатите три македонски претставници играат во квалификациите од Конференциската лига.
Шкендија за противник ќе добие некој од Жилина (Словачка), Хака (Финска), Дери Сити (Ирска), Викингур (Исланд) и Хаверфордест Каунти (Велс).
Шкупи кој е во групата на носители, ќе игра со некој од Паиде Линамисконд (Естонија), Сент Патрик Атлетик (Ирска), Дукаѓини (Косово), Гленторан (Северна Ирска), Хегелман (Литванија) и Пенибонт (Велс).
Можни противници за Македонија Ѓорче Петров се Дуњска Стреда (Словачка), Пјуник (Ерменија), РФС (Летонија), Тобол (Казахстан), Милсами Орхеи (Молдавија).
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.