470
Најдобрата
македонска фудбалска репрезентација во петок го игра мечот на гостински терен
кај Лихтенштајн во мундијалските квалификации, а во понеделник е предвиден и
дуелот на домашен терен против Германија.
Нашата
експедиција веќе пристигна во Бад Рагац, Швајцарија, во близина на Вадуц, каде
во петок ќе се одигра натпреварот, а за утре е предвиден и тренинг со што избраниците
на Благоја Милевски ќе ја обават и финалната подговотка за мечот.
Нашите фудбалери
со девет освоени бода од шест меча засега се наоѓаат на четвртото место на
табелата, односно со шест бода заостанување зад Германија.