Македонија во иднина ќе игра квалификации во формат како во Лигата на шампионите?!

by Стефан
1 минути читање

Во период кога мундијалските квалификации влегуваат во самата завршница во европскиот фудбал се појавија информации дека УЕФА размислува да го промени начинот на кој тие ќе се играат во иднина.

Наводно, идејата на УЕФА е да го преслика сегашниот формат кој се користи во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига, па така сите репрезентации би биле сместени во една група.

Секоја репрезентацијата во групата би добила по два противници од секој од шеширите, исто како и во европските клупски натпреварувања.

Исто така се најавува и деека во УЕФА разгледуваат можност за намалување на бројот на репрезентативни паузи, меѓутоа тогаш истите би морале да траат подолго, односно репрезентациите ќе одиграат повеќе натпревари од досегашните два во еден циклус.

Причина за ваквата идеја е со цел да нема многу прекини на сезоната во клупскиот фудбал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×