Во четвртиот натпревар под водство на селекторот Благоја Милевски, Македонија дојде до првата победа. Македонските фудбалери одиграа одличен меч и рутински го победи Лихтенштајн со 4-0.
Тргнавме офанзивно уште од првата минута, Трајковски пропушти голема шанса на почетокот од мечот.
Лихтенштајн играше бункер а ние се обидувавме да го пробиеме, тоа конечно се случи во 39. минута кога Дарко Велковски одлично се снајде во една мешаница и погоди за водство на Македонија од 1-0.
Во 66. минута по прекршок над Адеми, судијата покажа пенал за нашата репрезентација, Алиоски реализираше за 2-0, веќе стана полесно.
Само што влезе во игра Николов, постигна прекрасен гол во 74. минута за водство од 3-0.
Точка на мечот стави Дарко Чурлинов со фантастичен соло пробив во 83. минута. Победа на Македонија од 4-0.
Со овој трумф се искачивме на втората позиција со 12 бодови колкку што има и Ерменија, но ние имаме подобра гол разлика.