Младата репрезентација до 17 години на Македонија забележа пораз од 3-0 од врсниците од Исланд во рамките од првото квалификациско коло на турнирот кој се игра на тренинг комплексот на ФФМ, „Петар Милошевски“.
Синот на легендарниот Ејдур Гудјонсен, Даниел Тристан Гудјонсен ни даде два гола, тој погоди во 30. и 48. минута, претходно погоди Кјартан Мар Кјартансон во 25. минута.
Нашите фудбалери предводени од селекторот Вујадин Станојковиќ во следното коло на 28. октомври играат против фаворитот Франција, а во последното коло на 31. октовмри играме против Луксембург. Двата меча се играат од 14 часот.
Најдобрите две селекции од групата одат во елитната рунда, таму ќе бидат и четирите најдобри третопласирани селекции од 13 групи.
Фото: ФФМ
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.