Македонската
женска фудбалска репрезентација победнички го почна настапот во Лига Ц во квалификациите
за Европското првенство.
„Црвно-жолтите“,
под водство нановиот селектор Александар Андов, во драматичен натпревар со
седум погодока, славеа со 3-4 на гостувањето кај Летонија.
Домаќините
поведоа со голот на Миксоне во 7. минута, но Македонија за кратко време направи комплетен пресврт. Рочи изедначи на 1-1, Рокане си постигна автогол за 1-2, а Андонова
во 32. минута реализираше за 1-3.
Пулховица во 63. минута донесе надеж за Летонија и намали на 2-3, но нашите фудбалерки брзо се вратија
во предност од два гола, Милчевска погододи за 2-4.
Миксоне по втор
пат се запиша во листата на стрелци за 3-4 во 76. минута, но тоа беше се што
направија домаќините и Македонија си замина со три бода.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.