Македонија падна за две места на новата ФИФА ранг листа

by riste
1 минути читање
Македонија

Македонската фудбалска репрезентација падна за две позиции на последната ФИФА ранг листа, сега сме 65. место.

Во октомврискиот квалификациски прозорец Македонија одигра два натпревари, двете завршнија нерешено.

Најпрво одигравме реми во Гент, а потоа ги поделивме бодовите со Казахстан. Па со оглед на напредокот на селекциите околу нас, нашиот национален тим назадуваше за две места на ФИФА ранг листата.

Нашиот следен противник во квалификациите, селекцијата на Велс е на 34. место, претходно ќе одиграме пријателски натпревар против Летонија која е 139.

На првото место остана Шпанија, втора сега е Аргентина која ја прескокна Франција, четврта е Англија, а во топ десет уште се и Португалија, Холандија, Бразил, Белгија, Италија и Германија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×