„Црвено-жолтите“
не напредуваа на најновата ранг листа на ФИФА и покрај тоа што освоивме нешто
под осум поени, Македонија остана на 65. место.
Главна вест е
промената на врвот, Аргентина по шест години пауза се најде на првото место и
го симна од тронот лутиот ривал Бразил.
Победите во
пријателските пресметки со Панама и Курасао им помогнаа да напредуваат, како и
поразот на Бразил во тест натпреварот против Мароко. „Кариоките“ не само што го
загубија врвот, назадуваа на позицијата број 3, Франција се протна пред нив по
триумфите над Холандија и Ирска во квалификациите за ЕВРО 2024.
На останатите
позиции во топ 10 нема промени.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.