Македонија одигра реми со Молдавија на првиот тест во Анталија (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Македонија во првото полувреме го имаше поседот на топката и се обидуваше да го отвори резултатот, но не создававме многу шанси. Првата добра можност ја имавме преку Елмас во 23. минута, но Раилеан го одбрани неговиот удар.

Првата посериозна интервенција Димитриевски ја имаше во 40. минута, Молдавците имаа убава шанса да дојдат до водство, биеа од странична позиција, но нашиот голман беше поуспешен.

Пред самиот крај на првото полувреме Барди се обиде со шут од далечина, молдавскиот голман ја одби топката, Миовски се најде на вистинското место и постигна гол за водство на Македонија од 1-0.

Во вториот дел работите се променија, ние се повлековме и се обидувавме од контри да ја завериме победата, поседот го имаше Молдавија изгледаше значително поопасно отколку во првото полувреме.

Македонија имаше неколку полушанси, Елмас се обиде двапати, по еднаш Ристовски и дебитантот Ќамили, но не успеавме да дадеме втор гол.

Во 82. минута по одличен центаршут на Кракиун, Дамаскан постигна прекрасен гол со ножички за конечени 1-1. (Голот на Молдавија може да го видите на овој ЛИНК)

Следниот натпревар на Македонија во Анталија е на 25. март против Црна Гора, дуелот почнува од 14 часот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани