Македонија назадуваше на ФИФА ранг листата

by
1 минути читање

Македонија се
најде на 68. место на последната ФИФА листа, што е пад за три позиции во
однос на претходното рангирање.

Ова е резултат на
двата болни порази овој месец, првиот против Украина, натпревар на кој
испуштивме водство од 2-0, а вториот беше најголемата бламажа во нашата историја и
7-0 на „Олд Трафорд“ против Англија.

На врвот нема промена,
Аргентина е лидер пред Франција и Бразил. Англија напредуваше едно место на сметка на Белгија, а потоа следуваат Хрватска, Холандија, Италија,
Португалија и Шпанија.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×