212
Овој месец Македонија одигра четири натпревари во Лигата на нации, двапати го победивме Гибралтар, загубивме убедливо од Грузија и одигравме реми против Бугарија.
Таквиот скор ни донесе пад од две места, сега сме 64. со 1.375,2 бода.
Подобри сме од сите ривали во нашата група од Лигата на нации, Бугарија е на 74. место, Грузија е 82., а Гибралтар е 201. место.
Бразил и понатаму е на врвот, а во топ десет се селекциите на Белгија, Аргентина, Франција, Англија, Шпанија, Италија, Холандија, Португалија и Данска.