Македонија има голем скок на најновата ФИФА ранг листа

by
1 минути читање

Победите над Ерменија и Исланд ни донесоа сериозен напредок на табелата, скокнавме за седум позиции и сега сме 67.

Најдобриот пласман во последно време го имавме во април и мај оваа година кога бевме 62. место, но потоа назадувавме, па во септември и октомври бевме на 74. позиција.

До март кога се играат баражите нема репрезентативни натпревари, па наредна можност за напредок ќе биде на табелата која ќе биде креирана во април.

Од можните противници на Македонија за баражот, најдобро котира Италија која е шестта, Португалија е осма, Шведска е на 18. место, Велс е 19., Русија на 34. позиција, и најслаба е Шкотска на 38. место.

И понатаму прва е Белгија, а во топ десет се уште и селекциите на Бразил, Франција, Англија, Аргентина, Италија, Шпанија, Португалија, Данска и Холандија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×