Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров освоија огромни бодови во битката за опстанок, откако на свој терен славеа над директниот конкурент Работнички со 2-1 во 29. коло од Првата лига.
„Лавовите“ го отворија мечот одлично и поведоа уште во 2. минута преку Хозе Кабаркас, а по ВАР-проверката погодокот беше признат. Во продолжението, 16-годишниот Мартин Џангаровски зголеми на 2-0, пред Сухејл Муарем брзо да намали и да внесе неизвесност.
До крајот, Работнички не ја искористи шансата за израмнување, па домаќинот ги задржа трите бода.
Македонија ЃП останува претпоследна со 27 бодови, односно има само еден помалку од Работнички и два од Пелистер, што најавува жестока битка за опстанок во финишот од сезоната.