Македонија ЃП се пофали, распродадени се билетите за мечот со ЦСКА Софија (ФОТО)

by
1 минути читање

Капацитетот на стадионот на ФФМ во тренинг комплексот „Петар Милошевски“ не е голем, собира нешто повеќе од 1.000 гледачи, но досега никогаш не бил исполнет кога се играле клупски мечеви во Европа.

Македонија Ѓорче Петров успеа да ги продаде сите билети кои ги пушти во продажба и за тоа информираше преку социјалните мрежи.

Се очекува доаѓање и на гостински навивачи, поради малиот капацитет на стадионот тие добија само 60 влезници.

ЦСКА Софија е фаворит во овој меч, а Македонија Ѓорче Петров се надева дека со поддршка од публиката ќе дојде до победа и со позитива ќе замине на реваншот за седум дена во Софија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани