По ремито во Скопје и пред се добрата игра против ЦСКА Софија, Македонија ЃП на реваншот отпатува со надеж дека може да се надигрува и на гостински терен со противникот кој важеше за фаворит во овој двобој.
Но македонскиот тим прими четири гола и со убедлив пораз од 4-0 се враќа во Скопје. Дури три од четирите погодоци беа примени од корнер.
Отпорот на Македонија Ѓорче Петров траеше до 31. минута кога по една мешаница од корнер, најдобро се снајде Матеиј и погоди за водство на ЦСКА Софија од 1-0.
На вториот погодок се чекаше уште половина час, дотогаш се уште постоеа надежи за нашиот тим, но во 61. минута Јомов постигна гол за водство од 2-0. Почна да се надзира крајот за Македонија ЃП.
Во 78. минута Туфеџиќ зголеми на 3-0, а девет минути подоцна Назон ги постави конечните 4-0, и овие два гола беа примени по корни.
Со овој пораз Македонија Ѓорче Петров го заврши настапот во Европа за оваа сезона.